🎥 ОХРИД 2024: Недановски – Во нагорна линија сме, покажуваме победнички менталитет

Вардар стартуваше победнички на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид.

Во натпреварот против домаќинот, вардарци славеа со 34-21, а тренерот Владо Недановски не е задооволен, бидејќи посакува да се намалат техничките грешки.

„Не очекував, среќен сум за победата. Да не звучи малку чудно, но не сум задоволен од играта. Премногу технички грешки, во напад и одбрана. Новите играчи се уште не го сфаќаат системот, не знаат што треба да прават на моменти. Но, сме во нагорна линија. Го заборавивме поразот од Еурофарм Пелистер и покажавме победнички менталитет“, вели Недановски.

Тренерот на „црвено-црните“ вели дека важно е тимот да расте.

„На секој меч одиме на победа, да го „јачаме“ тој менталитет. Во моментов не ни се важни победите, туку да растеме во секој поглед, одбрана, напад, транзиција. А тоа треба време, имаме нови играчи. Но, тие полека се адаптираат. Среќен сум што Стаменковиќ е тука со нас, што избра добар тим, најдобар по мене, каде добро се работи и младите играчи напредуваат. Немаше време многу да тренира досега, и ќе видиме како ќе биде на овој турнир“, заврши Недановски.

Вардар утре игра со Партизан, а потоа и со Целје.