🎥 ОХРИД 2024: Јукиќ – Треба да се фрламе на глава за секоја топка, за секој гол

Домаќинот Охрид загуби на стартот од меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ и тоа убедливо од составот на Вардар.

Десниот бек на Охрид призна дека тимот, па и самиот тој одиграле катастрофално на првиот меч против „црвено-црните“.

Гостите од Скопје победија со 34-21, а охриѓани имаат малку време за поправање на впечатокот.

„Навистина лош меч, од мене и целиот меч. Одигравме катастрофално. Треба да го заборавиме побрзо овој натпревар и да мислиме на Целје, она што не очекува. Сите треба да се собереме, да заборавиме на ова, и да го спроведуваме онаа што го кажува тренерот. Да се фрламе на глава за секоја топка, за секој гол“, вели Јукиќ.

Охриѓани во групната фаза на турнирот „Крсте Андоновски“ ќе играат уште против словенечкиот Целје и спрскиот Партизан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)