🎥 ОХРИД 2024: Георгиевски – Нема многу тајни меѓу нас – ќе имаме сличен меч и на првенсвт

Капитенот на Вардар, Гоце Георгиевски потврди дека сличен меч меѓу Вардар и Алкалоид ќе има и во септември кога ќе почне првенството.

Сега во финалето на турнирот во Охрид триумфираше Вардар со 25-23, а „црвено-црните“ покажаа две лица.

„Треба да ја видиме пошироката слика од турнирот. Треба да бидеме задоволни како игравме, имавме четири силни мечеви. Сега одигравме добро прво полувреме. Во второто полувреме и Алкалоид ја подигна играта, тие никогаш не се откажуваат. Тоа прави дополнителен напод за противникот, тешко е да се браниш 60 минути. Треба да поправиме неколку детали. Треба да бидеме задоволни. Нема многу тајни меѓу нас, имаме многу одиграни мечеви, и ќе играме уште многу. Можам да најавам дека сличен меч не чека и во првото коло“, вели Георгиевски.

Вардар на пат до трофејот во Охрид, ги победи домаќинот, српскиот Партизан и словенечкиот Целје, а се пласираше во финале вторпат за две недели, откако загуби од Еурофарм Пелистер минатиот викенд на Струшкиот турнир.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)