Вардар продолжува со составувањето на играчкиот мозаик за наредната сезона во која ќе влезе со големи амбиции.
Последно засилување е украинскиот лев бек Дмитро Горига, кој во Скопје доаѓа од катарскиот Ал Араби.
Претходно има настапувано за полскиот Шчечин, францускиот Екс Ан Прованс, како и украинскиот Мотор Запорожје.
Со Мотор Запорожје има одиграно повеќе натпревари против Вардар во регионалната СЕХА лига.
Горига е дел од украинската репрезентација, настапи на Европското првенство 2022 во Унгарија и Словачка, а таму постигна погодок против Хрватите со брзина од 136км/час.
Украинецот заедно со Петриќ и Николиќ, ќе формира одлична тројка на левата бековска позиција
136 km/h for this Dmytro Horiha 🚀. Insanely powerful.@Ukrainianhandba 🇺🇦 #ehfeuro2022 #watchgamesseemore pic.twitter.com/ose6DfmiyT
— EHF EURO (@EHFEURO) January 17, 2022