🎥 Недановски: Вардар изгледа „страшно“, а може да биде уште „пострашен“

Вардар ќе игра во финалето на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид, откако со 31-27 го победија Целје. За тренерот Владо Недановски, тимот оди во нагорна линија, и може да биде уште подобар.

„Во нагорна линија сме, ама има недостатоци во нападот, имаме технички грешки во напад кои мораат да не отстранат, но и во одбраната. Денеска игравме со незгоден противник, според мене Целје е подобар тим составен сод млади играчи. Ако бираме технички најподготвен аекипа тоа е Целје. Вардар оди во нагорна линија, не изгледа уште страшно, може да биде уште „пострашно“.

Сезонава Вардар има осум нови ракометари, кои покажаа дека веќе се вклопуваат во системот што го бара тренерот.

„Уште сме во подготивтелен период. Потребно е време, се работи за квалиттени играчи, кои настапувале во многу екипи. Задоволен сум, но очекувам и повеќе од нив, вели Недановски

Во финалето „црвено-црните“ ќе играат против Алкалод од 20 часот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)

Нема да тактизираме, ќе играме ракомет, за публиката. Мило ми е дека играме македонско финале. Покажавме дека на Балкан се најдобри. Нема да тактизираме на мечот. Мило ќе ми биде ако освоиме турнирот, а нема да биде трагедија ако не успееме, ќе го чекаме првото коло, и има поправен, смета Недановски.