🎥 Митревски пуштен на најјако – еве како ги излуде „пулените“ на Лазаров!

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер моќно го надигра тимот на Кире Лазаров и славеше со 33-20 во пресметката што практично го реши лидерот по регуларниот дел од Супер лигата.

Меѓу најзаслужните за убедливиот триумф над „сино-белите“ од Автокоманда беше чуварот на мрежата Никола Митревски.

Тој брани во одлична форма цела сезона, а освен што ги излудуваше шутерите на гостите, им фаќаше и „живи топки“.

На крајот Митревски заврши со 15 одбранети удари, но успеа и да постигне еден погодок во гостинската мрежа.

Погледнете какви чуда на голот правеше Митревски…