Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во натпревар од 12. коло од Лигата на шампионите оствари важна победа на свој терен против Динамо Букурешт, триумфираше со 25:24 и остана во игра за пласман во осминафиналето.
Најзаслужен за победата на домашниот тим беше голманот Никола Митревски, кој го одбрани последниот шут на Зеин за голема радост на домашните фанови.
„Најслатко е кога ќе одбраниш одлучувачки удар, но сите одбрани се битни. Одигравме пожртвувано и горд сум на сите играчи, стручниот штаб, публиката…повторно имавме феноменална поддршка како и секогаш“, вели Митревски.
Следен предизвик за Еурофарм Пелистер ќе биде гостувањето кај Фуксе Берлин, додека во последното коло францускиот ПСЖ доаѓа во Битола.
Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот…