Kaпитенот на македонската репрезентација Никола Митревски беше меѓу најдобрите поединци на првиот натпревар на ЕП.
Чуварот на мрежата успеа да запре десет удари на Французите, а дел од нив беа од чисти, зицер ситуации.
Една од одбраните на македонскиот голман, кога му симна зицер на Порт, се најде во ТОП 5 одбрани на првиот ден од ЕП.
Покрај Митревски, во изборот на медиа тимот на ЕХФ се најдоа и одбраните на Андреас Вулф, Никола Портнер, Шарл Болзингер и Реми Дебоне.
Македонија загуби од Франција во првото коло со 39-29, а во второто коло на континенталниот собир ќе игра против домаќинот Германија.