Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер го совлада Охрид со 27-25 и ќе ја продолжи трката за првото место на табелата во регуларниот дел во Супер лигата.
Голманот Никола Митревски вели дека најважни се бодовите освоени на незгодното гостување во дербито.
„Неизвесен натпревар, вистинско дерби и на трибини и на теренот. Имавме контрола на резултатот, а најважни се бодовите и одиме понатаму, можеби и долгото патување од Лисабон си го зема својот данок. Од голманска страна имавме неколку одбрани повеќе од противничката екипа. За исходот на овој регуларен дел од Супер лига, ќе одлучува следниот меч дома, а ние ќе мора да бркаме голема разлика против Алкалоид. Ќе биде тешко, но спортски е да се надеваш и да пробаш“, изјави Никола Митревски.
За пелистерци следи дуел од Лигата на шампионите против Динамо Букурешт, а потоа и дербито против „сино-белите“ од Автокоманда.