Селекцијата на Фарски Острови дебитира на Европското првенство оваа година во Германија, а вечерва го прослави првиот историски бод на континенталните собири, 29-29.
До 50.минута Норвешка постојано водеше со еден гол позитива, а Фарски острови го израмнуваа резултатот. Во 52.минута Сагосен погоди за водство од 25:23, а по неколку промашувања на двете страни, Блонз реализираше седмерец за +3 (26:23).
И кога се мислеше дека Норвешка конечно го скрши отпорот на упорните островјани, следуваше шок. Норвежаните водеа 26:24, но во последната минута Фарски Острови најпрво постигна погодок за минус еден, 26:25, на семафорот останаа уште десетина секунди а норвешкиот селектор повика тајм аут.
Се што требаше да направат Норвежаните е да ја задршат топката десетина секунди, но не успеаа. Упорните ракометари на Фарски острови ја украдоа топката, тргнаа во контра но нивниот ракометар беше остро фаулиран по што беше досуден пенал кој што го реализира Скипаготу за сензационални и конечни 26:26.
Погледнете го израмнувачкиот гол на Скипаготу во последните секунди…
Cold blooded Skipagøtu sends Faroe Island to heaven 🚀✨#ehfeuro2024 #heretoplay pic.twitter.com/0bPs1sWt0G
— EHF EURO (@EHFEURO) January 13, 2024