🎥 Лесјак во свој стил – со двојна одбрана ги „откажа“ вардарци

Шампионот Еурофарм Пелистер славеше против Вардар со 27-21 во првата рунда од суперлигашкиот плеј-оф, а меѓу клучните ракометари во триумфот беше словенечкиот голман Урбан Лесјак. Тој имаше серија интервенции во моментот кога се кршеше резултатот, а во последните секунди забележа двојна одбрана по ударите на Георгиевски и Лазаревски, откако ударот на Николиќ заврши во пречката. Погледнете....