🎥 Лесјак со „глава“ спречи шок за Словенија во Талин

Репрезентацијата на Словенија успеа да се спаси од сензационален резултат на гостувањето во Талин кај Естонија.

Избраниците на Урош Зорман, кој реши да оди без дел од главните играчи на ова гостување, славеше со 29-28.

Домашната селекција сепак имаше шанса да се избори барем за бод, откако водеше во поголем дел од средбата.

Сепак шутот на Хенрик Кокс од седум метри по истекот на времето заврши во главата на екс голманот на Еурофарм Пелистер, Урбан Лесјак.

По шутот на Кокс, настана мешаница на теренот, но набрзина се смири ситуацијата и Словенците почнаа да го слават вториот триумф на вториот меч во евро-квалификациите.