На самиот крај од 2025 година, великанот на македонскиот ракомет Еурофарм Пелистер од Битола, свечено го одбележа 70-годишниот јубилеј од своето постоење.
Со Свечена академија и ревијален натпревар на ветераните, битолчани се навратија на богатото минато и им оддадоа почит на луѓето кои оставија неизбришлива трага во историјата на клубот.
Во Битола минатиот викенд се собраа голем број легенди на битолскиот клуб, кои со своето присуство ја зголемија тежината и емоцијата на јубилејот.
Оние кои поради професионални обврски не можеа да присуствуваат, испратија видео-пораки и честитки за клубот што ги одбележа нивните кариери.
Меѓу нив беа и Кирил Лазаров, Никола Митревски и Филип Кузмановски, кои беа на подготовки со националниот тим, потоа Зоран Петковски, Драган Маринковиќ…

























