Левиот бек Павле Атанасијевиќ беше херојот на Еурофарм Пелистер кој донесе реми на мечот против Спортинг Лисабон, 24-24.
На 70 секунди до крајот, португалскиот шампион водеше со 24-21, но прво погодија Радивојевиќ и Борзаш за минус еден.
Гостите имаа последен напад и тајм-аут, но не успеаја да организираат акција, па следуваше казна.
Атанасијевиќ како да има акумулирано еден тон искуство, успеа да ја заврши акцијата и да ја израдува битолската публика.
Погледнете…