🎥 Кузмановски: Со ваква публика тешко дека некој ќе не победи на домашен терен

Актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, го доби дербито против Вардар со 27-21, а победата и трите бода на битолчани има носат прво место на табелата во плеј-офот. Предводник во победничката екипа беше репрезентативецот на Македонија, Филип Кузмановски, кој во мрежата на „црвено-црните“ имаше осум реализации. Кузмановски истакна дека победата над големиот ривал за него и неговите соиграчи ќе биде голема самодоверба за останатиот дел од плеј-оф фазата. Целосната изјава на Кузмановски погледнете ја во видео прилогот...