🎥 Кузмановски: „Чкембари“ и Битола заслужуваат титула

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер го совлада Охрид со 27-25 и ќе ја продолжи трката за првото место на табелата во регуларниот дел во Супер лигата.

Капитенот Филип Кузмановски упати благодарност до навивачите и најави дека сите ќе се потрудат титулата да остане во Битола.

„Максимално бевме мотивирани пред полна сала, знаевме што ни носи победа во Охрид. Покажавме зрелост и како треба да се игра на резултат. Благодарност до нашите навивачи „Чкембари“ што не бодреа во толкав голем број. Битола и навивачите секогаш заслужуваат титула, а ние ќе се бориме тоа да им го овозможиме. Треба да ги користиме сите играчи што ги имаме на располагање, затоа што не чека едно силно темпо до крајот“, изјави Филип Кузмановски.

За пелистерци следи дуел од Лигата на шампионите против Динамо Букурешт, а потоа и дербито против „сино-белите“ од Автокоманда.