На мечот меѓу Веспрем и Фуксе Берлин, тешка повреда доживеа капитенот на „лисиците“ Фабијан Виде.
Тој незгодно згазна и тешко го повреди коленото. Овој 31-годишен германски ракометар е еден од најдобрите во својата земја, а оваа повреда значи дека ќе го пропушти ЕП 2026.
Играчите на Веспрем и Фуксе Берлин се фатија за глава кога сфатија дека се работи за многу тешка повреда.
Виде беше изнесен од теренот на носилки, а Фуксе Берлин најверојатно ќе мора да бара нов играч на бековските позиции.
View this post on Instagram


























