🎥 Јована Саздовска е мајстор за атракции – „подели“ две во Баку

Македонија со триумфот во Азербејџан го обезбеди своето место на Европското првенство. Најдобар стрелец на овој натпревар беше левото крило Јована Саздовска со седум погодоци, а два од нив беа многу атрактивни. Најпрво Саздовска во стилот на Кире Лазаров заврши еден контранапад, а во финишот на мечот успеа и со удар од зад грб да погоди во голот на домаќинките. Погледнете....