🎥 Јагуриновски: Добро изгледа овој Вардар

Вардар првпат игра на турнирот во Охрид и ќе се бори за трофејот. Во групата го победија Целје со 31-27. „Црвено-црните“ повторно покажаа компактност и моќ.

„Годинава имаме нови играчи и засилувања. Добро делувавме, и во Струга и сега во Охрид, смета Јагуриновски.

Следниот ривал на „црвено-црните“ е тимот од Автокоманда. Лани играа во финалето на турнирот во Струга кога победи Вардар, а во полуфиналето на Купот трумфираа „сините“

„Нашиот следен ривал Алкалоид е одлична екипа, со многу репрезентативци, и ќе го дадеме максимум и се надеваме ќе можеме да го освоиме турнирот, вели Јагуриновски.

Двата тима ќе играат меѓу себе и во првото коло на првенството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)

„Нема никакви тајни меѓу нашите екипи, добро се познаваме, вели Томислав Јагуриновски, играчот на Вардар.

Финалето е утре во 20 часот во „Билјанини Извори“.