🎥 Хендикеп за Тиквеш: Се повреди Обина, соиграчите на раце го изнесоа од терен

Еден од најдобрите ракометари на Тиквеш, десниот бек Ани Обина, во 25 минута од натпреварот со Бутел Скопје, мораше да ја напушти играта поради повреда. При еден скок шут кон голот на домашните, тој незгодно падна без контакт од противнички играч и остана да лежи на теренот. Лекарската екипа веднаш интервенираше, тој беше повлечен и му се укажуваше помош покрај теренот. За каков вид на повреда станува збор ќе биде познато наскоро...