Тимот на Партизан ја шокираше Војводина и го освои трофејот во Купот на Србија по 11 години пауза. На финалниот натпревар што се играше во „Слана Бара“ во Нови Сад имаше од се по нешто – хаос на теренот, па прекин поради навивачите, па реми во регуларниот дел, реми и по продолженијата, и на крајот пенал рулет, по кој актуелниот шампион остана без еден од трофеите на домашна сцена.
Мечот траеше околу три часа, a беше прекинат повеќе од половина час во 54. минута при резултат 18-17 за Војводина, кога навивачите на двете екипи почнаа да фрлаат пиротехнички средства едни кон други.
Домашните имаа и шест гола предност во првото полувреме, но храбрите момци на некогашниот стратег на Еурофарм Пелистер, Ѓорѓе Чирковиќ успеаја да се вратат во натпреварот. Во регуларниот дел мечот заврши 19-19, па мораше да се играат продолженија.
Партизан промаши два пенали во продолженијата, а потоа Војводина пак имаше плус два во финишот, но белградскиот тим одново израмни преку Поповиќ на неколку секунди до крајот на времето. „Црно-белите“ немаа голман, Војводина се обиде да погоди на празен гол, Којадиновиќ направи престап при обид да ја исфрли топката, па беше досуден пенал за шампионот по истекот на времето.
Воркапиќ не реализираше, откако одбрани искусниот Марјановиќ и мечот отиде во пенал-серија. Во неа не беше прецизен Пуховски, а сите ракометари на Партизан реализираа и почна радост за трофејот.
Rukometaši Partizana osvajači Kupa Srbije pic.twitter.com/aQOTMhMIcG
— Mozzart Sport (@MozzartSport) April 13, 2024