Македонскиот женски шампион Ѓорче Петров реагираше на арбитражата на дербито против Металург Автокоманда од 16 рунда во Женската лига, што заврши со реми, 25-25. Од шампионот објавија видео во кое се гледа спорна ситуација после која следува постигнување на голот за израмнување. Но, исто така тврдат и дека и последниот гол на Металург не е постигнат во регуларното време.
Тимот од Ѓорче Петров тврдат дека последниот напад на Металург Автокоманда не е изведен според правилата на ракометната игра, и тоа морало да биде санкционирано од судиите. Тоа и дало предност на противничката ракометарка побрзо да стигне до голот, а потоа и да реализира.
За управата на шампионот, и последниот гол за реми во последната секунда постигнат од страна на Марија Гугуљанова е постигнат после истекот н арегуларните 60 минути.
Судиите на овој натпревар, Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески, гледаа снимка од последниот погодок, но на крајот на утврдија дека е постигнат пред да истече времето, односно во регуларните 60 минути. Гледањето на снимката траеше речиси 10 минути, заедно со притисоците од двете страни и „висењето на глава“ на двете кипи додека тие го гледаат видеото и последната ситуација.
Еве ја целата реакција на Ѓорче Петров и видеото каде е спорниот момент при изведување на удар од центар.