Македонската репрезентација ја заврши групната фаза на Европското првенство со скор од една победа, едно реми и еден пораз.
„Црвено-жолтите“ славеа против Романија со 24-23, одиграа храбро реми против големата Португалија, а беа поразени од домаќинот и фаворит Данска.
Пред почетокот на шампионатот беше најавено дека победа во групната фаза носи премија од два милиони денари, обезбедени од Министерството за спорт и Ракометната федерација на Македонија.
Тоа значи дека победничкиот гол на Ненад Костески „тежи“ два милиони денари!
View this post on Instagram

























