Репрезентацијата на Франција го освои златото на Светското младинско првенство во Македонија, откако во денешното финале славеше над Унгарија со 29:26 (14:13).
Двете репрезентации на ракометните љубители во СЦ „Борис Трајковски“ им понудија возбудлив натпревар, имаа свои моменти во текот на сите 60 минити, а во финишот повеќе среќа имаа „триколорките“.
Франција на ова Светско првенство првпат стана младински шампион, во својата колекција на медали имаше само еден, сребрен од младинскиот Мундијал во Чешка (2012).
Холандија со победата над Данска од 34:28 од Скопје си замина со бронзен медал. Холанѓанките и на минатиот младински Мундијал го освоија третото место, тогаш ја победија Шведска со 31:20.
Избран е Ол Стар тимот на СП во Македонија – Црногорката Вукчевиќ нај стрелец