🎥 Еве ја химната за ЕП 2024 – снимена е пред 40 години

Еден од организаторите на ЕП 2024, Австрија, ја најави промоцијата на официјалната химна на првенството, а се работи за пресната „Животот е живот“. Оваа песна е снимена 1984 година од страна на култниот австриски бенд „Опус“ и била голем хит низ Европа и светот во тоа време. За потребите на ЕП ќе биде додадена уште една строфа и организаторите очекуваат дека овој евергрин одлично ќе се вклопи како загревање за натпреварите, на паузите...На ова ЕП ќе настапи и Македонија, а ривалите ќе ги дознае за два дена.