Европската ракометна федерација ги објави номинациите за Ол-Стар тимот на Европското првенство 2024 што викендов ќе ја има кулминацијата во Виена.
Жири-комисијата составена од Андреа Лекиќ, Ана Грос, тренерот Пер Јохансон, како и двајца претставници од ЕХФ, одредија по шест номинирани во сите категории.
Три ракометарки кои беа дел од Ол-Стар тимот на ЕП 2022 се номинирани и сега – левото крило од Данска – Ема Фрис, десниот бек од Унгарија – Катрин Клујбер, како и дефанзивецот Паулета Фопа од Франција.
Ракометарката што беше МВП минатото ЕП – Хени Реистад од Норвешка, номинирана е и сега во категоријата за најдобар среден бек.
Навивачите ќе можат да гласаат преку апликацијата на ЕХФ до сабота до полноќ, а Ол-Стар тимот ќе биде објавен пред финалето во недела.