🎥 Eдна од „бомбите“ на Фитиљ во ТОП 5 на колото во ЛШ!

Медиа тимот на Европската ракометна федерација ги избра најубавите пет погодоци по првото коло од Лигата на шампионите.

Меѓу нив беше и голот на капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, на мечот против ПСЖ во „Пјер Де Куберетен“.

Популарниот „Фитиљ“, имаше неколку атрактивни погодоци во мрежата на Андреас Паличка, а еден од нив се најде во ТОП 5.

Покрај погодокот на Кузмановски, место во ТОП 5 имаше и за головите на Дибиров од Загреб, Абди од Нант, Суарез од Спортинг и Гидсел од Фуксе Берлин.

Погледнете ги најубавите пет голови по првото коло од елитното натпреварување…