Тимот на Охрид го промовираше големото засилување за новата сезона – хрватскиот среден бек Ловро Јотиќ.
Тоа што го најави 24Ракомет пред два дена, денеска доби своја официјализација, откако „гладијаторите“ објавија дека е потпишан договор со екс членот на Вардар и Еурофарм Пелистер до 2026 година.
Јотиќ минатата сезона ја заврши во хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице, a на почетокот на кариерата настапуваше во Умаг, Замет и Дубрава, пред да се пресели во Загреб. Следуваше првото интернационално искуство во данскиот Алборг, па камбек на една сезона во хрватската престолнина.
Потоа организаторот на играта мина две сезони во Македонија, по една во Еурофарм Пелистер и Вардар, пред да следи преселба во бундеслигашот Лајпциг.
Дебито за Охрид, Јотиќ би требало да го има на некој од следните суперлигашки средби против Струга и Бисинов.