Довчерашниот член на Струга, Мерис Бошњак, имаше одлично деби за својот нов странски клуб.
Поранешниот кадетски репрезентативец на Црна Гора ова лето од македонскиот суперлигаш направи трансфер во Асобал лигата.
Бошњак потпиша за Уеска и во своето деби, против Барселона, постигна три погодоци, но и подели неколку асистенции кон своите соиграчи.
Голманот на Барселона, Гонзало Перез де Варгас, само со поглед ги испрати ударите на еден од најталентираните црногорски интернационалци.
Сосема очекувано, каталонскиот гигант го доби натпреварот против Уеска, триумфираше со девет гола разлика, 39:30.