Репрезентацијата на Данска славеше против Хрватска со 32:26 во финалето на штотуку завршеното Светско првенство.
За избраниците на Николај Јакобсен освоеното злато беше четврто во низа на Мундијалите.
Илјадници Данци организираа спектакуларен пречек на плоштадот во Копенхаген за своите миленици.
Пред присутните свое обраќање имаа селекторот Николај Јакобсен, МВП ѕвездата Матијас Гидсел, Магнус Саугструп.
За разлика од Данците, Хрватите во Загреб направија поброен пречек за сребрените момци на Сигурдсон.
Ikonisk øjeblik 🏆#skjernhåndbold #verdensmindstestorklub pic.twitter.com/xIZRsCq7Xe
— Skjern Håndbold (@SkjernHaandbold) February 3, 2025