🎥 Деби од соништата: Кипријановска МВП на првиот меч во Полска!

Maкедонската репрезентативка Јована Кипријановска имаше одлично деби за нејзиниот нов клуб во полскиот шампионат, Рух Калиш.

Иако нејзиниот тим беше поразен на домашен терен од Галичанка Лвов со 33-29, сепак Кипријановска имаше причини за задоволство.

Таа беше најдобра на теренот во домашната екипа и успеа да постигне осум погодоци во мрежата на гостинките.

Нејзината партија беше доволна за да биде избрана за најкорисна ракометарка на овој натпревар, МВП.

Следен предизвик за Кипријановска и Рух Калиш ќе биде гостувањето кај Кожалин, за кој игра Ивана Арсениевска, па ќе има македонски двобој во Полска.