🎥 Дали победничкиот гол на Португалците е регуларен❓

Селекцијата на Португалија испиша историја и се пласираше во полуфиналето на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Стрелец на победничкиот погодок за 31-30 беше бекот Мартим Кошта, кој имаше постигнато само еден гол во регуларниот дел, но блесна во продолженијата.

Се чини дека Кошта при постигнувањето на последниот гол направи чекор повеќе, но немаше реакција од арбитрите.

Сеедно, Португалија е полуфиналист, а дали при акцијата на Кошта имаше чекори, пресудете сами…