Машката кадетска репрезентација на Унгарија обезбеди место во четвртфиналето на Светското првенство што се одржува во Египет.
Клучната победа беше запишана над селекцијата на Австрија со 33-32, а голот вреден два бода и ТОП 8 беше постигнат во последната секунда.
Унгарците имаа слободен удар, топката беше додадена до Мате Фазекаш, кој веднаш се крена и биеше прецизно во австрискиот гол пред истекот на времето.
Фазекаш потекнува од ракометно семејство, неговиот татко е легенда на Унгарија и на Веспрем, Нандор Фазекаш, а неговиот брат Герго Фазекаш игра за Висла Плоцк…