На натпреварот од Бундес лигата меѓу Хановер и Рајн Некар Левен, имаше необична ситуација.
Играчот на Хановер, Мариан Михалчик, доби црвен картон, поради „старт“ над соиграчот Јустус Фишер.
Тој го турна својот соиграч на линијата од шест метри за му попречи на противничкиот бек да дојде до позиција за шут.
Судиите прегледуваа снимка од ситуацијата и решија да му доделат директен црвен картон и да го испратат Михалчик на трибини.
Сепак и без него, Хановер предводен во вториот дел од новиот играч на Охрид, Тилен Стрмљан, победи на гости кај Рајн Некар.
Погледнете ја ситуацијата и проценете дали судиската одлука беше исправна…
View this post on Instagram