Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер останува во игра за осминафиналето на Лигата на шампионите, откако го победи Динамо Букурешт со 25-24 во драматичен натпревар.
Херој на битолчани беше голманот Никола Митревски, кој успеа да запре дури 16 шута на гостинските ракометари.
Најважен беше оној последниот на Али Зеин, на кој Митревски му фати „жива топка“, за голема радост на битолските навивачи.
Следен предизвик за македонскиот првак ќе биде гостинскиот дуел со Фуксе Берлин, а во последниот меч од групата на домашен терен ќе игра со ПСЖ.