🎥 БЕЗ ДИЛЕМИ: ЕХФ го прогласи голот на Манасков за најубав на колото во ЛШ!

Европската ракометна федерација го избра голот на Дејан Манасков за најубав на колото во Лигата на шампионите.

Во финишот на спектаклот во Битола против Барселона, по фантастично додавање од голманот Никола Митревски, Манасков од тежок агол и од цепелин успеа да го совлада еден од најдобрите голмани во светот, Емил Нилсен.

Тоа предизвика ерупција на трибините во преполната сала „Боро Чурлевски“ и без дилеми медиа тимот на ЕХФ го прогласи за најубав гол на колото.

На второто место во изборот на ЕХФ се најде Матијас Гидсел, за голот за кој ракометниот свет зборуваше цела ноќ, додека ТОП 5 листата ја комплетираат Мартим Кошта, Лазар Кукиќ и Феликс Клар.

Уживајте во мајсториите…