🎥 Атрактивниот цепелин на Манасков и Радивојевиќ во ТОП 5 голови на колото во ЛШ

|
19:50

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во рамки од 8. коло во Лигата на шампионите одигра реми против Фредериција, 29:29.

Еден од погодоците на пелистерци против данскиот вицепрвак се најде во изборот на медиа тимот на ЕХФ за ТОП 5 на 8. коло.

Атрактивниот цепелин во режија на Дејан Манасков и Богдан Радивојевиќ беше рангиран на третото место.

Пелистерци во следното, 9. коло од европската елита ќе гостува кај унгарскиот гигант Веспрем.

Скопје сигурен на гостувањето во Штип

Автор: Влатко Мирчески
| 20 ноември 2024
18:20

Екипата на Скопје дојде до 7-ми триумф во Првата лига, откако на гостувањето во Штип кај Текстилец славеше со 31:25.

Сега Скопје со новите два бода го презеде лидерското место во групата А, на свое конто има 14 бода, додека Македонија ЃП и Младост Богданци, екипи кои засега се на 2 и 3 место, имаат по 13, односно 12 бода.

Избраниците на Оливер Димитироски во текот на целиот натпревар беа во предност и во ниту еден момент не дозволија домашниот тим да го израмни резултатот, или пак да поведе.

Скопје на полувреме замина со предност од 17:12, на моменти во вториот дел водеше со десет гола разлика, но Текстилец во последниот период ја преполови негативата.

Прво име во таборот на гостинскиот тим беше Бојан Чакалиќ, кој запиша девет погодоци, пет додаде Александар Грујевски, по четири имаа Андреј Тркалевски, Јован Фичорски и Лука Лешникоски.

Кај Текстилец најрасположен за игра беше Филип Џинес со седум погодоци, а го следеше Филип Савев со гол помалку – 6.

Партизан на шопинг во Битола

Автор: Редакција
| 22 ноември 2024
19:22

Амбициозниот Партизан од Белград продолжува да биде активен на трансфер пазарот во регионов, а според информациите на „Моцарт спорт“, српскиот суперлигаш би можел да биде посилен со играч од Еурофарм Пелистер.

Станува збор за привремениот репрезентативец на БиХ, Павле Петровиќ, кој во Македонија пристигна уште во јануари, 2021 година, најпрво играше за вториот тим на битолскиот клуб, потоа беше „прекомандуван“ во првиот тим.

Десниот бек во минатата сезона имаше забележителни партии во Лигата на шампионите, најдобрата ја имаше во Данска против силниот Алборг запишувајќи седум гола, но во оваа сезона е во сенка на Усама Хосни и Нејц Цехте, двајца клучни ракометари во играта на „зелено-белите“.

Партизан, моментално, на позицијата десен бек ги има на располагање Никола Црноглавац и Немања Јовиќ, ракометар кој што може да одигра и како десно крило, па така можната преселба на Петровиќ би била добитна комбинација за српскиот тим.

Освен Петровиќ, порталот „Моцарт спорт“ како потенцијално засилување во Партизан го споменува 29-годишниот Михајло Раденковиќ. Искусниот ракометар, исто како и Павле Петровиќ, доколку го засилуваат Партизан, тогаш тоа ќе биде на полусезона.

Минатата недела во Партизан пристигна црногорскиот репрезентативец Стеван Вујовиќ, кој игра на позицијата лев бек, а претходно клубот се засили со Петар Ѓорѓиќ од најголемиот ривал – Војводина. За Партизан настапува левото крило од Македонија, Бојан Маџовски.

Митревски: Со полна сала и добра атмосфера до нова победа

Автор: Влатко Мирчески
| 20 ноември 2024
10:45

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе ја пречека данска Фредериција во натпреварот од осмото коло во Лигата на шампионите.

За битолскиот тим ова е важен натпревар, бидејќи со евентуална победа ќе си ги зголеми шансите за пласман во осминафиналето од европската елита.

На првиот натпревар, кој беше одигран во Оденсе, македонскиот шампион со пресврт во вториот дел дојде до два важни бода, триумфираше со 25:23.

Голманот Никола Митревски, кој со 15 интервенции беше најзаслужен за победата на првото соочување со Фредериција, ги истакна своите очекувања.

„Тие најавуваат дека сакаат реванш. Таму одигравме добар натпревар, ја остваривме првата победа и освоивме два бода и сакаме да продолжиме во тој ритам. Верувам дека салата ќе биде исполнета и со поддршката од нашите навивачи ќе славиме конечно домашна победа. Тие нема што да загубат сега, за разлика од претходниот натпревар ќе играат опуштено и мислам дека со добра атмосфера и полна сала повторно ќе ги победиме”, изјави Митревски.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фредериција се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.

Петар Атанасијевиќ: Фредериција не е екипа за потценување

Тајник: Цела Битола очекува победа, а ние ќе се потрудиме да ја оствариме

Алонсо: Натпреварот против Фредериција е со голем влог – ќе решаваат детали

🔴ВО ЖИВО🔴 Еурофарм Пелистер – Фредериција

Автор: Душко Андов
| 20 ноември 2024
20:40

Гледајте ВО ЖИВО, Еурофарм Пелистер – Фредериција, ТУКА

Манасков: Не сме среќни, аме сме задоволни со бод

Автор: Редакција
| 20 ноември 2024
22:50

Еурофарм Пелистер одигра нерешено, 29-29 со Фредериција, иако можеше македонскиот првак дури и да победи, но и да загуби. Со овој бод, битолчани остануваат се уште во игра за место кое води во осминафиналето на лигата на шампионите. Веројатно ќе биде клучен оној меч со Висла во Битола.

Во последните десет минути се влезе со нерешен резултат, 25:25, се играше гол за гол, пелистерци наместо на два разлика, дозволија ривалот да израмни, 27:27, а на три минути пред финишот Фредериција со два гола во низа го презеде водството, поведе со 29:28. Еурофарм Пелистер израмни на 29:29, гостите не реализираа напад, но ниту домашниот тим не успеа да дојде до гол во последните секунди,

„Тежок меч. Фредериција беше подобра отколку на првиот меч, Играа полесно, и даваа лесни голови особено во првото полувреме. Почнавме добро, па после паднавме. не успеавме денеска да им помогнеме на голманите, да имаат повеќе одбрани. Можеше и да загубиме. Успеавме да освоиме еден бод, не сме среќни, но секако сме задоволни, изјави Дејан Манасков, крилото на Еурофарм Пелистер.

Во следното коло пелистерци гостуваат кја Веспрем.

Еурофарм Пелистер освои нов бод – драмата со Фредериција заврши реми