🎥 Атрактивната асистенција на Кипријановска и голот на Ристовска во ТОП 5 на колото

Женската репрезентација на Македонија со два порази и едно реми го заврши настапот на Европското првенство во Унгарија, Австрија и Швајцарија.

На последниот натпревар против Унгарија, во финишот на мечот една од акциите на Македонија влезе во ТОП 5 на денот.

По атрактивната асистенција на Јована Кипријановска, во голот на домаќинот на ЕП, погоди Сара Ристовска.

Покрај голот на Ристовска, во ТОП 5 на денот се најдоа и погодоците на Херем од Норвешка, Реихерт од Австрија, Сомаза од Шпанија и Меро од Франција.

Погледнете….