Ракометарите на Еурофарм Пелистер успеаја да ја одбраната титула во македонската Супер лига и втора сезона по ред се шампиони, откако ги совладаа „сино-белите“ од Автокоманда со 32-28.
Битолчани со овие три бода, имаат 41 бод на првото место, пред вардарци кои го победија Бутел и сепак останаа на втората позиција со 39. Ова за битолчани е осма титула, а рекордер останува Вардар кој има 15 титули.
Тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранко Ангеловски, кој тренерската функција на битолскиот тим ја презеде кон крајот на месец октомври минатата година, даде свој коментар за сработеното и најави уште поголеми успеси.