Еден од ракометарите што остави голем белег во тимот на Вардар, Илија Абутовиќ, по шест сезони се врати во „Јане Сандански“.
Тој сега го носи „зелениот“ дрес на шампионот Еурофарм Пелистер и се наоѓа од „другата страна“, но и покрај тоа беше испочитуван од „Комити“.
Абутовиќ дојде во Вардар во 2011 година, освои шест трофеи во Купот на Македонија, пет титули во Супер лигата на Македонија, четири трофеи во СЕХА и една титула во Лигата на шампионите.
По заминувањето од Вардар, четири сезони беше дел од германскиот Рајн Некар Левен, а две сезони одигра во францускиот Шарт.