🎥 📷 Македонските навивачи со минута молк и кренати шалови со почит кон загинатите

Натпреварот меѓу Словенија и Македонија ќе се одигра пред полни трибини во салата „Бонифика“ во Копер, но на никој денеска не му е до ракомет.

Навивачите кои посакуваа со навивачки песни да ги бодрат нашите ракометари, сепак тоа нема да биде случај.

Тие веќе се собраа во Копер, но препознатливата навивачка атмосфера, сега е траорна и доминираат тагата и жал за настраданите во трагедијата што однесе многу човечки животи.

На патот кон салата „Бонифика“, навивачите оддадоа почит кон жртвите со минута молк, а истото ќе биде случај и пред стартот на натпреварот.

Натпреварот меѓу Словенија и Македонија ќе се игра вечерва со почеток во 18:30 часот.