Легендарниот Тимур Дибиров вечерва го одигра својот последен натпревар на европска сцена, односно во Лигата на шампионите.
Екс ракометарот на Вардар заедно со Загреб во последното коло од групната фаза од Лигата на шампионите загубија минимално од Келце со 27:26.
За Загреб иако вечерашниот натпревар немаше никакво резултатско значење, бидејќи ги имаше изгубено сите шанси за осминафинале, сепак, избраниците на Петковиќ храбро се бореа и беа многу блиску до победа.
Дибиров на последниот одигран меѓународен натпревар двапати се запиша во листата на стрелците, а од Загреб му се заблагодарија за неговиот голем придонес во најквалитетното натпреварување.
“Летачкиот русин“ во тимот на Загреб пристигна во текот на 2022 година од редовите на Вардар. Со македонскиот тим на двапати ја освои Лигата на шампионите, сезона 2016/17 и сезона 2018/19.
Руското крило по завршувањето на тековната сезона ќе стави крај на својата богата кариера.

View this post on Instagram