Џинот од Конго пред трансфер, Асобал лигата е следната дестинација?

Пивотот од Конго, Готие Мвумби кој својата слава ја стекна за време на Светското првенство во Египет пред сè поради својата корпулентност одново е во центарот на вниманието, а причината е во тоа што мож да направи транфер во Асобал лигата.

За Мвумби најголемиот интерес постои од тимот на Кангас, па постои голема можност пивотот од Конго да се пресели во оваа екипа која во моментов се наоѓа на 14. позиција во најсилната лига на Шпанија што е едно место над зоната за испаѓање.

Мвумби е на мета на уште неколку екипи, но се работи за тимови кои играат во Втората лига на Германија и од САД така што најверојатно ќе заврши во Асобал лигата со цел да биде поблизу дои составите кои играат на голема сцена.

Се работи за корпулентен пивот кој беше најдобриот играч на Конго на Мундијалот и дефинитивно играч кој привлече големо вниманието на себе. Станува збор за еден од играчите против кои е тешко да се игра одбрана така што тимовите од Асобал ќе имаат сериозни проблеми со него доколку се оствари планот да потпише за тимот на Кангас.