Во дербито од 10. коло во групата А од Првата лига екипите на Младост Богданци и Јехона одиграа возбудлив и неизевесен натпревар кој после голема борба и пресврт го доби домашниот тим со 31:29.
Првото полувреме помина во знакот на гостинскиот тим, Јехона постојано имаше водство и го контролираше резултатот. Младост играше без најдобриот играч, Мите Караиванов кој во 13. минута заработи директен црвен картон за приговор кон судиите. После 30 минути игра гостинскиот тим имаше предност од три гола, 15:18.
Во второто полувреме Младост постојано се обидуваше да го сврти резултатот. Јехона долго одолеваше на нападите на домашниот тим, но попушти во завршницата. Од резултат 28:29, Младост направи серија од три гола во последните неколку минути за пресврт и победа.
Саше Михајловиќ го предводеше домашниот тим до победата со 13 погодоци, додека шест постигна Никола Роглев. Во екипата на Јехона уште еднаш најефикасен беше Адис Салиу со 17 погодоци, но ниту тоа не беше доволно за поволен резултат.