„Џабе моите голови кога на крајот изгубивме“

Ракометарите на Вардар го победија хрватскиот првак Загреб со 30-29 по изведувањето на седмерци.

Еден од најдобрите во тимот на „плинарите“ беше левото крило Давид Мандиќ, но тој вели дека џабе се неговите голови, кога на крајот загубија.

„Моите голови не вредат кога губиме. Ја контролиравме средбата 52 минути, а потоа одигравме катастрофално во нападот. Бевме статични и не правевме ништо. Голманот на Вардар одбрани неколку зицери, па на пенали среќата беше на Вардар и победија“.

Загреб ќе се соочи со Мешков Брест во битката за третото место в недела со почеток во 18:00 часот.