Поранешниот вардарец Даинис Кристопанс се чини дека не може сам да му носи бодови на новиот тим Фуксе Берлин.
Откако дојде летонскиот репрезентативец, бундеслигашот загуби од два тима што се борат за опстанок.
Последниот пораз е големо изненадување, бидејќи Фуксе беше посрамен пред своите навивачи од Нордхорн, кој триумфираше со 30-32.
Кристопанс даде девет погодоци, Марсениќ даде пет, а австрискиот репрезентативец Роберт Вебер за гостите постигна дури 14 голови.
Претходно Фуксе загуби и од Минден, па веќе може да се збогува со борбата за место во Лигата на шампионите следната сезона.