Откако во последното одиграно коло во Русија, шампионот Чеховски Медведи го совлада новиот конкурент во првенството Спартак Москва, тренерот на „мечките“ Владимир Максимов за рускиот „Брз Центар“ го коментираше преименувањето на клубот од Спартак во ЦСКА Москва.
Максимов смета дека новоформираниот бренд не ги оправда очекувањата и неговите резултати не се во согласност со ветувањата на раководството на клубот.
„Не е ништо чудно, ситуацијата е многу едноставна: тие имаат еден спонзор – претседателот на федерацијата Сергеј Шишкарев. Дали навивачите ќе го разберат преименувањето, дали обожавателите ќе сфатат? Беше промовиран брендот Спартак, направија многу за тоа, но не постигнаа многу. Тие ветија први места, но не успеаја како што беше планирано. Се зависи од резултатите“, беа зборовите на Максимов.
Зад целата операција на промена на името и целата историја на клубот стои претседателот на Ракометната федерација на Русија, Сергеј Шишкарев. Во иднина ЦСКА Москва ќе се обиде со новото име да ја прекине доминацијата на Чеховски медведи, тим кој доминира во Русија од 2002 година. А веќе се најавени и неколку нови засилувања за од наредната сезона.