Ракометарите на Вардар утре против Партизан ќе го одиграат последниот натпревар од групната фаза во регионалната СЕХА лига.
На првиот дуел, кој беше одигран во Скопје, избраниците на Владо Недановски триумфираа со 31:26.
Десното крило, Ален Ќосевски ги сподели своите очекувања за утрешниот дуел со Партизан.
„Имавме сериозни анализи за овој меч, и секако сакаме да победиме во Белград. Треба да бидеме подобри во одбраната. Минатиот пат токму одбраната ни беше проблем.
Формата сега ни е на подобро ниво, и поподготвени сме во однос на првиот меч. Можно е Партизан да игра и нешто поразлично, но секако ќе бидеме подготвени за се”, изјави Ќосевски.
Вардар во моментов е првопласиран на табелата во Б групата, пред Татран Прешов и Партизан. Со триумф, вардарци сигурно ќе бидат првопласирани.
Натпреварот меѓу Партизан и Вардар се игра на 28 февруари со почеток од 18:00 часот во СЦ „Вождовац“.