Машката сениорска репрезентација на Македонија ја очекува настапот на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска за дваесетина дена. Еден од ривалите во групата ќе биде токму домаќинот Австрија, а најголемата опасност по нашите голмани и одбраната се очекува да биде левиот бек на Кил, Никола Билик.
Родениот Украинец, настапува за Австрија веќе неколку години, иако имаше понуда да заигра и за украинската репрезентација. Таткото на Никола, Сергеј, настапуваше на голманската позиција и беше еден од главните адути на Украина на претходниот нивни настап на ЕП во 2010 година.
„Никола имаше понуда за настап за Украина по преминот во Кил. Но мислам дека ќе беше неправедно ако тој се откажеше од настапите за Австрија – земја која него му има дадено многу. Не се работи за никаков интерес. Австријците не се Хрвати или Французи, кои секогаш претендираат на врвот, но мислам дека Никола постапи чесно. Неговиот потег е многу ценет во Австрија. Тој е заштитно лице за ЕП, на билборди, на плакати…Тој е капитен и ќе ја води неговата репрезентација“, вели Сергеј Билик за рускиот „Брз Центар“.
Сергеј Билик, некогашниот прославен украински голман кариерата ја заврши во дресот на Фиверс Маргаретен на 47 години, а во еден период од кариерата играше и со неговиот син Никола, пред тој да премине во Кил. За која репрезентација ќе навива, дали за Украина или Австрија, кога ќе играат овие две селекции, ниту тој не знае…