Од сите домашни конкуренции останува да се доиграат уште по пет натпревари до крајот на сезоната.
Иако беше предвидено сезоните во Суперлигата, Женската лига и Првата лига да завршат викендот на 12/13 јуни, сепак тоа ќе се случи десетина дена порано.
Ќе се игра во забрзан ритам, среда-сабота, а маратонот ќе започне веќе оваа среда на 19 мај. Потоа следниот викенд ќе има коло, 22/23 мај, додека останатите три ќе се одиграат на 26/27 мај, па 29/30 мај и последното на 2/3 јуни.
Најинтересно ќе биде во суперлигашкиот плеј-аут, исто така ќе има возбудувања и во прволигашката конкуренција, каде неколку екипи се во конкуренција за првото и второто место.
Бараж натпреварот за пополнување на елитната конкуренција ќе се одигра на 5/6 јуни или на 9/10 јуни, во зависност од договорот меѓу РФМ и двете екипи што ќе играат.